• понеделник, 01 јули 2024

Без струја утре делови од Карпош, Петровец и Центар

Без струја утре делови од Карпош, Петровец и Центар

Скопје, 7 март 2024 (МИА) - Без струја утре ќе бидат делови од општините Карпош, Петровец и Центар, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.

- Во периодот од 08:15 до 14:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од селата Летевци и Брезница во општина Петровец. Од девет до 11 часот, корисниците на дел од улицата „Стогово“ во општина Карпош. Од девет до 15 часот, корисниците од улицата „Питу Гули“ број 35, 37 и 39 во општина Центар, пишува во соопштението на РЦУК - Скопје. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан