Без струја денеска дел од Бутел
- Електрична енергија ќе нема од 8:30 до 11 часот.
Скопје, 29 септември 2025 (МИА) - Без електрична енергија во текот на денов ќе останат корисници од општина Бутел.
Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје соопшти дека според информација од „ЕВН Македонија“, без електрична енергија од 8:30 до 11 часот ќе бидат корисниците од улицата „Хо Ши Мин“, лоцирани на потегот од напојната трафостаница - Бутел 2 до објектот број 287 Б во оваа општина. бд/вг/
Фото: МИА архива