• понеделник, 15 декември 2025

Без струја делови Студеничани, Шуто Оризари и Карпош

Без струја делови Студеничани, Шуто Оризари и Карпош

Скопје, 14 јули 2025 (МИА) - Без електрична енергија денеска во периодот од 08.30 до 15.00 часот ќе останат корисниците од селата Патишка река, Елово, Црн Врв, Малчиште, викендици Држилово, Краст Јаболце, ХПП Патишка Река во Општина Студеничани, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.

Струја од 09.00 до 12.00 часот ќе немаат и  дел од корисниците од ул.Метохиска во Општина Шуто Оризари, а од 09.00 до 14.00 часот и дел од корисниците од село Бардовци и кај викенд населбата во Општина Карпош.

Фото. МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан