Без вода неколку улици на скопска територија
- Планирано е корисниците да останат без вода од 12:30 часот.

Скопје, 9 април 2025 (МИА) - Поради уличен дефект, без вода за пиење во текот на денов ќе останат неколку улици на скопска територија, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Предвидено е водоснабдувањето да биде прекинато за корисниците од улиците „Волгоградска“, „Разловечко востание“, „Соле Стојчев“, „Трифун Бузев“ и „Желево“.
Планирано е корисниците да останат без вода од 12:30 часот до завршување со санација на дефектот. бд/дма/
Фото: МИА архива