Без вода корисниците од неколку улици во Ќерамидница
- Од 10.30 часот без вода ќе бидат корисниците од улиците „512“, „515“, „516“ и „520“ во населба Ќерамидница во општина Гази Баба.
![Без вода корисниците од неколку улици во Ќерамидница](https://new.mia.mk/images/20240216104434_big_730x400_49.webp )
Скопје, 16 февруари 2024 (МИА) - Од 10.30 часот без вода ќе бидат корисниците од улиците „512“, „515“, „516“ и „520“ во населба Ќерамидница во општина Гази Баба.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради дефект во шахта на ул. „512“ бр 20а во Ќерамидница и ќе трае до негово отстранување. хс/дма/
Фото: МИА архива