• среда, 26 јуни 2024

Без вода Инџиково, Хиподром и хотел „Белви“

Без вода Инџиково, Хиподром и хотел „Белви“

Скопје, 25 февруари 2024 (МИА) - Без вода денеска од 11 часот се корисниците од Инџиково, Хиподром и хотел „Белви“ во Општина Гази Баба.

Како што информира jавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради уличен дефект на ул.„15“ во селото Инџиково (покрај каналот).

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности. фф/бак/

Фото: МИА архива
 
 

Остани поврзан