Без вода дел од Црниче
- Водоснабдувањето било прекинато од 10:45 часот, предвидено е прекинот да трае до санирање на дефектот.
Скопје, 2 јануари 2025 (МИА) - Поради уличен дефект на улицата Чедомир Кантарџиев број 3 во населба Црниче, прекинато водоснабдување имаат корисниците од оваа улица и од Свети Наум Охридски, информираат денеска од Јавното претпријатие Водовод и канализација - Скопје.
Водоснабдувањето било прекинато од 10:45 часот, предвидено е прекинот да трае до санирање на дефектот. бд/са/
Фото: МИА архива