Без вода дел од општините Гази Баба и Кисела Вода
- Без вода денеска од 10:15 часот се дел од корисниците од улицата „Лазар Поп Трајков“ без број.
Скопје, 13 март 2024 (МИА) - Без вода денеска од 10:15 часот се дел од корисниците од улицата „Лазар Поп Трајков“ без број.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект во шахта на улицата „Лазар Поп Трајков“ без број.
Поради дефект на приклучна цевка на улица „Жегљане“ 31а, без вода денеска од 10:10 часот се дел од корисниците од оваа улица.
Без вода денеска од 10:25 часот се дел од жителите од улицата „Востаничка 49“ во општина Кисела Вода. Прекинот е поради дефект на приклучна цевка на истата улица.
Водоснабдувањето на сите три локации ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектите. мд/са/
Фото: МИА