Бегај на средба со Османи во Тиват: Поддршката на Косово, моја мисија и должност
- Албанскиот претседател Бајрам Бегај на маргините на Процесот Брдо Бриони, што се одржува во Тиват, Црна Гора, оствари средба со неговата косовска колешка Вјоса Османи, на која ја искажа силната поддршка за Косово
Тирана, 8 октомври 2024 (МИА) – Албанскиот претседател Бајрам Бегај на маргините на Процесот Брдо Бриони, што се одржува во Тиват, Црна Гора, оствари средба со неговата косовска колешка Вјоса Османи, на која ја искажа силната поддршка за Косово.
Претседателот Бегај објави фотографии од средбата на социјалната мрежа Икс и напиша дека „средбата со Османи била срдечна и братска средба“.
- За мене поддршката на Косово е моја мисија и должност. Ќе продолжам силно да лобирам за нови признавања на Косово, Косово да биде дел од меѓународните организации. Нашата економска соработка ќе се зајакне повеќе со пругата Драч-Приштина и новото пристаниште Драч, напиша претседателот Бегај.
Во меѓувреме и претседателка Османи на социјалните мрежи објави фотографии од средбата со Бегај.
- Денеска во Тиват со претседателот Бајрам Бегај ги координираме позициите на нашите две сестрински држави, за доброто на нашите граѓани и нашата евроатлантска иднина, истакна Османи. вт/ми/