Бајден побара од Пентагон да продолжи со своите активни испораки на оружје за Украина
- Откако Москва започна со нападите врз Украина во 2022 година, Вашингтон досега и обезбеди на Украина помош од 175 милијарди долари.
Вашингтон, 26 декември 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден побара од Пентагон да продолжи со своите активни испораки на оружје за Украина и го осуди рускиот напад врз украинските градови и енергетската инфраструктура на Божик.
„Целта на овој срамен напад беше да се прекине пристапот на украинскиот народ до греење и електрична енергија во текот на зимата и да се загрози безбедноста на мрежата“, наведе Бајден во изјавата. Киев соопшти дека во средата Русија нападнала украински енергетски објекти и некои градови со крстосувачки и балистички ракети и беспилотни летала.
Откако Москва започна со нападите врз Украина во 2022 година, Вашингтон досега и обезбеди на Украина помош од 175 милијарди долари. зш/
фото ЕПА