• понеделник, 23 декември 2024

Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на американско-мексиканската граница

Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на американско-мексиканската граница

Вашингтон, 9 мај 2024 (МИА) -  Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива која би можела да биде донесена уште денеска со цел да се намалат илегалните преминувања, изјавија тројца извори запознаени со ова прашање, пренесува Хина.

Британските медиуми, наведувајќи ги анонимните извори, пренесуваат дека во почетната фаза од проверката за азил регулативата ќе бара мигрантите да бидат проценети за да се види дали треба да им биде одбиен азилот и брзо да бидат депортирани.

Мерката се чини дека е ограничена по обем, додаваат тие.

Мигрантите ќе бидат проценети за забрана за азил врз основа на криминал и безбедносни закани, изјавија изворите.

Белата куќа не одговори веднаш на барањето за коментар.

Откако во 20121 година влезе во Белата куќа, американскиот претседател Бајден се соочи со рекорден број мигранти кои ја преминаа границата меѓу САД и Мексико.

Поранешниот претседател Доналд Трамп, републиканскиот противник на Бајден, го критикуваше актуелниот претседател дека ги сменил порестриктивните политики што ги воведе за време на неговиот мандат.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан