• четврток, 27 јуни 2024

Бах: Само обединети ќе имаме авторитет

Бах: Само обединети ќе имаме авторитет

Мумбај, 15 октомври 2023 (МИА) - Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, им се заблагодари на членовите на организацијата за предлогот тој да биде реизбран за трет мандат.

- Ви благодарам за поддршката, ја доживувам како симбол на нашето единство. Само ако се обединиме ќе имаме авторитет. Ако сме поделени, нема да можеме да им дадеме пример на другите. Јас сум многу лојален на Олимписката повелба, го поддржувам објаснувањето на шефот на нашата правна комисија за тоа како можеме да се движиме во оваа насока, изјави Бах на состанокот во Мумбај, Индија.

Бах е на чело на ИОК повеќе од 10 години. Шеесет и деветгодишниот Германец беше избран за претседател на организацијата на 10 септември 2013 година. зс/

Фото:ЕПА

Остани поврзан