• петок, 22 ноември 2024

Батакис именувана за нова министерка за економија на Аргентина

Батакис именувана за нова министерка за економија на Аргентина
Буенос Аирес, 4 јули 2022 (МИА) – Силвана Батакис вчера е именувана за министерка за економија, по ненадејната оставка на Мартин Гузман. Батакис (53) од 2011 до 2015 година беше министерка за економија на аргентинската покраина Буенос Аирес, Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез вчера одржа низа консултации за да најде замена за Гузман, кој во март постигна договор за реструктурирање на аргентинскиот долг. Со обврските кон Меѓународниот монетарен фонд за враќање на буџетскиот биланс до 2025 година (по дефицит од три отсто од БДП во 2021 година), Батакис ќе мора да се бори со хроничната инфлација што го принуди нејзината претходник да поднесе оставка. Инфлацијата во Аргентина во првите пет месеци од 2022 година изнесуваше 29,3 отсто, додека 60,7 проценти минатата година. ми/

Остани поврзан