Барселона ќе го задржи Фирпо во зимскиот преоден рок
- Барселона ќе го задржи во тимот дефанзивецот Жуниор Фирпо, објави „Марка“.
Барселона, 13 јануари 2021 (МИА) - Барселона ќе го задржи во тимот дефанзивецот Жуниор Фирпо, објави „Марка“.
Според шпанскиот весник, каталонскиот клуб нема да го пушти 24-годишниот фудбалер да си замине во зимскиот преоден рок. Објавено е дека Барселона се плаши од проблеми со ротација доколку играчот замине.
Во сезоната 2020/21, Фирпо одигра девет натпревари за Барселона и има една асистенција. За него е заинтересирана Гранада. зс/