• петок, 22 ноември 2024

Барселона преговара со Тер Штеген за намалување на платата

Барселона преговара со Тер Штеген за намалување на платата

Барселона, 11 јули 2023 (МИА) - Барселона е подготвена да преговара за намалување на платата со голманот Марк-Андре тер Штеген.

 

Според „La Vanguardia“, клубот сега е во финансиски проблеми, па раководството бара начини да ги намали трошоците на секаков начин.

 

Во сезоната 2022/23, Тер Штеген ја одигра сезоната во Ла Лига со 24 натпревари со „чиста мрежа“. Германецот по овој показател стана рекордер на каталонскиот фудбалски гигант.

 

Договорот на Тер Штеген со Каталонците е со важност до летото 2025 година. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан