• петок, 22 ноември 2024

Барселона не може да го продолжи договорот со Педри поради финансиски проблеми

Барселона не може да го продолжи договорот со Педри поради финансиски проблеми

Барселона, 21 септември 2024 (МИА) – Шпанскиот фудбалски гигант Барселона работи на продолжување на договорот со играчот од средниот ред Педри. 

Сепак, според „Мундо Депортиво“, Каталонците не можат да потпишат нов договор со 21-годишниот Шпанец поради финансиските проблеми на клубот. 

Актуелниот договор на фудбалерот истекува во летото 2026 година.

Оваа сезона Педри постигна два гола на шест натпревари. Вкупно за Каталонците одигра 149 натпревари, постигнувајќи 22 гола и 13 асистенции. зс/

Фото: Твитер

Остани поврзан