• четврток, 26 декември 2024

Левицата сака да ја собори француската Влада, Барние ќе го заобиколи Парламентот за буџетот

Левицата сака да ја собори француската Влада, Барние ќе го заобиколи Парламентот за буџетот

Париз, 2 декември 2024 (МИА) - Францускиот премиер Мишел Барние изјави денеска дека ќе ги искористи специјалните уставни овластувања за да го протурка буџетот за социјално осигурување во Долниот дом на Парламентот без гласање, а левицата најави дека ќе бара гласање за доверба на владата.

„Се соочуваме со момент на вистината“, рече Барние во говорот во Парламентот.

Употребата на член 49.3 од Уставот повлекува гласање за доверба на владата, кое мора да се одржи во рок од 48 часа.

Откако претходно истиот ден направи уште една отстапка за екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен со цел да ја добие нивната поддршка, Барние одлучи да се повика на тој член од Уставот за да го протурка законот без гласање.

Марин Ле Пен, по претходните отстапки на Владата во однос на буџетот, побара од Барние пензиите во буџетот за 2025 година да се усогласат со инфлацијата и најави поднесување амандмани. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан