• понеделник, 23 декември 2024

Балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ во Националната опера и балет

Балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ во Националната опера и балет

Скопје, 22 декември 2023 (МИА) – Во Националната опера и балет вечер од 20 часот репризно ќе биде изведен балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ - инспириран од циклусот поезија со истоимениот наслов на Ацо Шопов, а по повод одбележување 100 години од раѓањето на поетот.

Во формат на триптих, балетската претстава „Молитви на моето тело“ претставува 90-минутно креативно „сплотување“ на тим од тринаесет уметници, сценски пренесено од првенците, солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Поезијата на Шопов, односно истоимениот циклус поезија ќе биде „прочитана“ со јазикот на танцот создаден од тројца македонски кореографи на музика на тројца македонски композитори и останатите уметници. 

Како што информираат од Националната опера и балет, „Молитви на моето тело“ е проект во кој се вклучени 12 македонски уметници и еден уметник од Албанија. Идејата за проектот и костимографијата е на Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џепароска, кореографи се: Ивана Коцевска, Адријана Данчевска, Саша Евтимова, музиката е на Дарија Андовска, Александар Гроздановски и Александар Пејовски. Сценограф е Михајло Стојановски, визуелен уметник – Флоријан Чанга од Албанија, камера и видеомонтажа на филм: Доријан Миловановиќ, мултимедија и графички дизајн – Лазе Трипков, а поетско читање е од актерот Никола Ристановски. Асистент костимограф е Ангела Богеска, светло: Јакуп Јакуп, Нино Митевски, Перо Марачков. ар/лв/
Фото: НОБ

Остани поврзан