• четврток, 04 јули 2024

Баку: Ерменија користи балистички ракети, Ереван демантира

Баку: Ерменија користи балистички ракети, Ереван демантира
Баку, 22 октомври 2020 (МИА) - Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека од територијата на Ерменија биле лансирани балистички ракети во насока на регионот Габала на северот од земјата, што Ереван го демантираше. „Балистичките ракети беа лансирани од територијата на Ерменија во правец на Габала и Курдамир на 22 октомври во 9 часот по локално време“, се наведува во соопштението. Портпаролката на Министерството за одбрана на Ерменија, Шушан Степанјан го негираше тврдењето на Баку за лансирање ракети. - Никакви ракети не се истрелани од ерменската територија во правец на Азербејџан, посочи Степанјан. Министерството за одбрана на Азербејџан претходно соопшти дека борбите околу Нагорно Карабах на целата линија на фронтот продолжиле и денеска. Обновените судири околу Нагорно Карабах избувнаа на 27 септември откако азербејџанските и ерменските сили се судрија на границата меѓу двете земји во текот на летото. паг/  

Остани поврзан