• четврток, 21 ноември 2024

Баерн тргнува по Ван Дајк

Баерн тргнува по Ван Дајк

Минхен, 3 мај 2024 (МИА) - Баерн Минхен внимателно ја следи ситуацијата со дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк. Иднината на 32-годишниот Холанѓанец на „Енфилд“ е се понеизвесна и Баварците се подготвени да ја искористат ситуацијата доколку добијат шанса.

Договорот на Ван Дајк истекува за една година и во оваа фаза нема знаци за негово обновување. По претстојната разделба на менаџерот Јирген Клоп, се очекува да има многу промени во Ливерпул, една од нив би можела да биде поврзана со Ван Дајк, кој на лето ќе биде пуштен на пазарот.

Во исто време, Баерн бара опции за засилување на одбраната и Ван Дајк е една од опциите за кои размислуваат на „Алијанц Арената“. Германскиот гигант ќе чека до лето да ги процени сите опции, но доколку Холанѓанецот биде пуштен на пазарот, сигурно е дека клубот од Минхен ќе упати понуда за него.

Сепак, ова не е единствената опција пред искусниот дефанзивец, кој е искушуван од клуб од Саудиска Арабија. Станува збор за второлигашот Ал Кадисија, кој е блиску до промоција и има големи планови за своја селекција доколку влезе во елитата. дс

Фото: Архива

Остани поврзан