• недела, 19 мај 2024

Баерн се надева дека ќе го ангажира Рангник по денешното полуфинале во Лигата на шампионите

Баерн се надева дека ќе го ангажира Рангник по денешното полуфинале во Лигата на шампионите

Минхен, 30 април 2024 (МИА) - Ралф Рангник е најверојатниот нов тренер на Баерн Минхен, каде по завршувањето на оваа сезона ќе го наследи Томас Тухел.

На „Алијанц Арена“ дури одлучија кога точно сакаат да потпишат договор со искусниот стручњак. Ова треба да се случи по првиот натпревар против Реал Мадрид од полуфиналето во Лигата на шампионите, кој е денеска, 30 април.

Назначувањето на Рангник има целосна поддршка од целокупното раководство на Баварците, предводено од Ули Хонес и Карл-Хајнц Румениге.

Договорот на Рангник се очекува да биде до 2027 година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан