• сабота, 21 декември 2024

АХВ: Од 41 дом за стари лица 14 не биле регистрирани како оператори со храна

АХВ: Од 41 дом за стари лица 14 не биле регистрирани како оператори со храна

Скопје, 1 ноември 2024 (МИА) - Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 29 до 31 октомври спроведоа вонредни инспекциски надзори во 41 дом за стари лица во земјава. Со контролите е утврдено дека 14 од нив не биле воопшто регистрирани како оператори со храна во АХВ.

Издадени се 16 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности од кои кај четири оператори за незадоволителни хигиенски барања, а кај три оператори е утврдено дека вработените немале спроведено задолжителен здравствен преглед. Изречени се и парични кази за 18 оператори.

Според АХВ, кај пет оператори се запленети и нештетно уништени 40 килограми небезбедна храна. мч/дма/

фото: МИА архива

Остани поврзан