• петок, 22 ноември 2024

„АТС Груп“ и „Зегин“ влегуваат во спонзорскиот тим на МЗТ Скопје

„АТС Груп“ и „Зегин“ влегуваат во спонзорскиот тим на МЗТ Скопје

Скопје, 27 септември 2023 (МИА) – Компаниите „АТС Груп“ и „Зегин“ и во сезоната 2023/24 остануваат спонзори на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром.

 

По вчерашното промовирање на партнерскиот договор со компанијата „МТЕЛ“, членка на групацијата Телеком Србија, денеска на прес-конференција директорот на клубот Филип Ѓоревски ја промовиравме соработката со двете компании.

 

- Станува збор за две реномирани компании, лидери во своите сектори, кои како општествено-одговорни субјекти го препознаа МЗТ Скопје Аеродром како идеален партнер за соработка. Сакам јавно да им се заблагодарам за помошта која ни ја даваат и за вербата што ја имаат во нас, како најдобриот македонски кошаркарски колектив повеќе од една деценија наназад, изјави извршниот директор на МЗТ Скопје Аеродром, Филип Ѓоревски.

 

Првиот човек на „АТС Груп“, Шевкет Демировски, изрази задоволство што соработката од минатата ќе продолжи и во претстојната сезона.

 

- Задоволни сме што имаме можност да соработуваме со клуб како МЗТ Скопје Аеродром. Ние сме компанија која работи во Македонија, но и во регионот, поради што сакаме да ги поддржиме напорите на кошаркарскиот шампион за остварување меѓународни успеси, нешто кон што и ние тежнееме, прокоментира меѓу другото господинот Демировски.

 

Во име на компанијата „Зегин“ на новинарите им се обрати Томислав Кепевски, кој потенцира дека ова е дел од нивната општествено-одговорна работа.

 

- Зегин секогаш стои позади македонскиот спорт, со цел да имаме здрава младина во Република Македонија. МЗТ Скопје Аеродром е идеален партнер за остварување на нашите замисли и цели во делот на општествената одговорност, изјави Кепевски.

 

Договорите со двете компании се едногодишни со важност за сезоната 2023/24. зс/

Остани поврзан