Атанасовски на средба со претставници на Државниот инспекторат за техничка инспекција
- Продлабочување на соработката помеѓу Општина Македонска Каменица и Државниот инспекторат за техничка инспекција, со цел подобрување на статусот на рударите беше главната тема на разговор на
Македонска Каменица, 12 ноември 2021 (МИА) - Продлабочување на соработката помеѓу Општина Македонска Каменица и Државниот инспекторат за техничка инспекција, со цел подобрување на статусот на рударите беше главната тема на разговор на новиот градоначалник на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски кој со претставниците на инспекторатот ја имаше и својата прва активност по стапувањето на функцијата градоначалник.
-На средбата со директорот Екрем Буњаку, инспекторот Авдуш Јонузи и вишиот инспектор м-р. Драган Димитровски се разговараше и за рационалното искористување на минералните суровини во рудникот „Саса“ со цел за продолжување на работниот век на рудникот, како и за условите под кои самите рудари ја обавуваат својата макотрпна работа, истакнаа од Општината.
Атанасовски во текот на вчерашниот ден ја презеде функцијата од довчерашната градоначалничка Соња Стаменковска која му посака успешна, чесна и пожртвувана работа, порачувајќи му да продолжи со успешната приказна за отворена, модерна и европска Македонска Каменица напоменувајќи дека општината ја остава во одлична финансиска состојба.
-Во текот на вчерашниот ден и официјално ја предадов функцијата градоначалник на општина Македонска Каменица. Покрај огромниот број реализирани проекти, општината ја оставам во одлична финансиски состојба, во далеку подобра од состојбата во која ја наследив во 2017 година. Денес, на буџетската сметка на општина Македонска Каменица има 40.387.136,00 денари. На почетокот од мојот мандат како градоначалник, во 2017 година, затекнав долг во висина од приближно 85 милиони денари, од кои 43 милиони денари кредит од Светска банка којшто започнавме да го враќаме во 2018 година, истакна Стаменкова.
Посочи дека во моментот во фаза на реализација се 14 проекти, додека како поранешен градоначалник оставила комплетна проектна и техничка документација со ревизија за 23 проекти кои според неа целосно се подготвени за реализација за наредниот период. вс/свс/