Асфалтирање на локалниот пат Кадино - Мралино
- Во Општина Илинден во рамки на програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта извршено е асфалтирање на локалниот пат Кадино – Мралино во должина од 500 метри, а е воспоставен и систем за одведување на атмосферските води од коловозот на локалниот пат.
Скопје, 5 декември 2024 (МИА) - Во Општина Илинден во рамки на програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта извршено е асфалтирање на локалниот пат Кадино – Мралино во должина од 500 метри, а е воспоставен и систем за одведување на атмосферските води од коловозот на локалниот пат.
Како што истакнал градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски ова е капитална инвестиција предвидена во стратешкиот план за развој на Општина Илинден 2022-2026. Од Општина Илинден денеска соопштија дека дополнително во наредниот период ќе се гради примарна фекална канализација покрај локалниот пат и доградба на пешачката патека во должина на целата улица.
- Со реконструкцијата на оваа улица се овозможуваат подобри услови за граѓаните со што значително ќе се придонесе за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, пешаците и велосипедистите. Исто така се подобрува секојдневната комуникација на граѓаните од овие населени места со административниот дел на Општината и значително се намалува времетраењето на патување до нивните работни места, се вели во соопштението. цр/дма/
Фото: Општина Илинден