• петок, 28 јуни 2024

Асфалтирана улицата „74“ во Волково

Асфалтирана улицата „74“ во Волково
Скопје, 2 ноември 2022 (МИА) - Екипите на ЈП „Улици и патишта“ Скопје по налог на Град Скопје денеска ја асфалтираа улицата „74“ во населбата Волково, општина Ѓорче Петров.
-Улицата е со површина од 760 квадратни метри, прв пат е асфалтирана и е дел од проектот за изградба на повеќе од 25 улици во пет населени места во општина Ѓорче Петров, информираат од ЈП „Улици и патишта“ Скопје.
Од јавното претпријатие најавуваат дека нивни екипи од утре продолжуваат со изградба на улицата „78“ во Волково, а во наредниот период и на останатите улици кои се предвидени според планот за работа и меѓуопштинската соработка на Град Скопје и општина Ѓорче Петров. сст/са/

Остани поврзан