• недела, 22 декември 2024

АСОМ со поддршка за триатлонецот Кутаноски

АСОМ со поддршка за триатлонецот Кутаноски

Скопје, 27 јули 2023 (МИА) - Деветгодишниот Јован Кутаноски од Струга кој е повеќекратен првак во триатлон, дуатлон и акватлон е првиот талент поддржан во вториот циклус на кампањата „Вложуваме во млади таленти“ иницирана од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ).

 

Станува збор за исклучителен талент кој на свои три години успеал да комплетира триатлон и е носител на бројни медали на државни и меѓународни првенства.

 

Меѓу неговите најнови успеси се освоеното прво место на Националното триатлон првенство во Дојран, прво место во Хрватската триатлон лига и првото место во триатлон на меѓународно натпреварување во Германија, во својата категорија.

 

-Посебно не радува што обезбедивме поддршка за млад талент кој уште во текот на првиот циклус преку своите родители пројави интерес за учество во кампањата. Талентот и енергијата кои Јован ги поседува се навистина импресивни, а неговите резултати говорат дека се работи за дете со огромен потенцијал, пред кое стојат уште многу успеси со кои нашата држава ќе се гордее, истакна Васко Илијевски, претседател на АСОМ.

 

Јован покрај освоените медали на натпреварувањата во триатлон, дуатлон и акватлон, лани го освои и второто место на државното првенство во кајак, како и првото место во Купот на далечинско пливање кое неодамна се одржа во Преспа. зс/

 

 

Остани поврзан