• понеделник, 23 декември 2024

Аселборн: Рускиот народ да го елиминира Путин за да запре војната

Аселборн: Рускиот народ да го елиминира Путин за да запре војната
Луксембург, 2 март 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн денеска изрази сочувство за страдањата на Украинците и посака „рускиот народ да го елиминира рускиот претседател Владимир Путин за да запре војната“. Во интервју за радиото 100,7, министерот Аселборн изрази жалење што руските граѓани не добиваат доволно информации за војната во Украина преку руските државни медиуми. „Кога рускиот народ би видел што прави Путин во Украина, колку Украинците се плашат и колку човечки животи тој може да има на својата совест, тогаш ќе го соборат Кремљ“, рече Аселборн. „Тоа е можеби сè што може да се посака, Путин да биде навистина физички елиминиран за да се запре сето тоа“, додаде Аселборн. Жан Аселборн објасни дека „тоа го кажал под влијание на емоции“ откако западни дипломати од местото на настанот го информирале дека руската армија го напаѓа цивилното население во Украина, спротивно на тврдењата на Кремљ. Во интервјуто Аселборн изјави дека смета дека е малку веројатно дека може да се најде дипломатско решение за завршување на војната се додека Владимир Путин останува претседател на Русија. паг/      

Остани поврзан