• понеделник, 23 декември 2024

Асанж стана почесен член на Германскиот ПЕН-центар

Асанж стана почесен член на Германскиот ПЕН-центар
Берлин, 2 ноември 2021 (МИА) - Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, стана почесен член на Германскиот ПЕН-центар. Назначувањето за почесен член е поврзано со загриженоста за здравјето на Асанж, чии услови на затвор од Амнести интернешенел се опишани како тортура. Асанж е во Велика Британија и се обидува да не биде екстрадиран во САД. Тој е обвинет дека украл и објавил доверливи материјали од американските воени операции во Ирак и Авганистан заедно со свиркачот Челзи Менинг. Американските обвинители тврдат дека тој ги загрозил американските доушници со објавување на материјалите. Додека за поддржувачи Асанж е истражувачки новинар, кој обелоденил воени злосторства. За Германскиот ПЕН-центарот лишувањето од слободата на Асанж е безобразно кршење на човековите права. - Ги повикуваме надлежните власти во Англија да не го екстрадираат нашиот почесен член Џулијан Асанж во САД, каде што му се заканува затворска казна до 175 години, туку веднаш и безусловно да го ослободат од затвор, истакна заменик-претседателот на Германскиот ПЕН-центар, Ралф Нестмајер. Тој додаде дека притворот на Асанж е „политички мотивиран“. ПЕН (кратенка од поети, есеисти, романсиери) е здружение на писатели кое се залага за слобода на говорот. Минатата недела новинарот и писател Дениз Јуџел беше избран за нов претседател на Германскиот ПЕН-центар. ми/

Остани поврзан