• четврток, 27 јуни 2024

Асад: Милитанти од Сирија се борат во Нагорно-Карабах

Асад: Милитанти од Сирија се борат во Нагорно-Карабах
Москва, 6 октомври 2020 (МИА) - Претседателот на Сирија, Башар ал Асад денеска изјави дека сириските милитанти се борат во Нагорно-Карабах. - Дамаск тоа може да го потврди, изјави Асад во интервју за РИА Новости. Тој додаде и дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е „главен иницијатор“ на судирите. - Ги поддржува терористите во Либија, беше главен иницијатор и во судирите во Нагорно-Карабах помеѓу Азербејџан и Ерменија, истакна Асад алудирајќи на Ердоган. ми/

Остани поврзан