• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Артета за разговорот со Гвардиола пред мечот со Реал: Учам од најдобрите

Артета за разговорот со Гвардиола пред мечот со Реал: Учам од најдобрите

Лондон, 9 април 2025 (МИА) - Тренерот на Арсенал, Микел Артета призна дека се консултирал со Хосеп Гвардиола пред првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Реал Мадрид (3:0).

-Тој има големо искуство во овие големи натпревари и сакав да го слушнам неговото мислење. Секогаш е важно да се учи од најдобрите, изјави Артета за „Yahoo Sports“.

Тој го пофали Рајс за извонредните два гола.

-Деклан беше одлучен да направи нешто. Имавме долга пауза без постигнат гол од слободен удар, а сега тој уутираше маестрално во два наврата. 

Реваншот ќе се игра на 16 април на „Сантијаго Бернабеу“. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан