• сабота, 30 ноември 2024

Арсовска тврди дека доставила мислење до Славески за цената на услугата на приватните превозници, Славески вели дека таа повторно манипулира со Советот и јавноста

Арсовска тврди дека доставила мислење до Славески за цената на услугата на приватните превозници, Славески вели дека таа повторно манипулира со Советот и јавноста

Скопје, 28 ноември 2024 (МИА) - Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески денеска преку соопштенија до медиумите со меѓусебни обвинувања за тоа кој е одговорен во врска со неставањето на дневен ред на точката за барањето на приватните превозници за зголемување на тарифата за изминат километар, во рамките на системот на јавен превоз на територијата на главниот град. 

Приватните превозници и денеска не сообраќаат, а во сообраќај се само автобусите на ЈСП. Во изјава за МИА Јовица Зафировски, претставник на превозниците вчера рече дека денеска нема да возат, автобусите ќе останат во гаражите, а одлуката е донесена на координацијата на превозниците кои вчера попладне ги исклучија автобусите од сообраќај во знак на револт откако и на вчерашната седница на Град Скопје не беше разгледно нивното барање за зголемување на таксата по километар. 

Арсовска, откако вчера преку соопштение му одговори на Славески дека дава поддршка да ја стави точката за приватните превозници на дневен ред на седница, денеска повторно преку соопштение наведува дека се прават обиди за креирање нова политички мотивирана криза, поврзана со јавниот превоз во Скопје.

-Со оглед на обидите за креирање нова политички мотивирана криза а поврзана со јавниот превоз во Скопје, Ве известувам за следното: На 26.11.2024 година од страна на членот на Советот на Град Скопје Горан Арсов, до Претседателот на Советот на Град Скопје е доставена иницијатива за отпочнување на постапка за покачување на цената на услугата која ја добиваат приватните превозници ангажирани од страна на ЈСП, со која Советникот Горан Арсов му предлага на Советот да усвои заклучок со кој би се преземале соодветни активности и разгледале сите можности за условите за покачување на цената на услугата на приватните превозници. За истото, Претседателот на Советот на Град Скопје на 27.11.2024 година достави Барање за мислење до Градоначалник на Град Скопје, кој јавно уште во текот на вчерашната седница побара произнесување поврзано со истото. Од моја страна како Градоначалник му беше веднаш доставено мислењето со што се исполнети условите согласно Статутот и Деловникот за работа на Советот на Град Скопје за ставање на иницијативата како точка на дневен ред на Седница на Советот на Град Скоје. Со досегашните практики кои се спротивни на Статутот и Деловникот на Советот на Град Скопје, а воспоставени од страна на Претседателот на Советот на Градот Скопје со кои не се ставаат за разгледување доставени иницијативи од страна на советниците за кои има доставено мислење од страна на Градоначалник, Ви се ускратува Вашето право да дискутирате и носите одлуки без разлика какви ќе бидате истите, наведува Аровска во сооштението.

Никој не внимава дали во делот на водоводот, во делот на канализацијата, во делот сето она коешто е неопходно за граѓаните да имаат квалитетен живот, дали се запазени сите стандарди и затоа с

Таа додава дека денеска од страна на Секторот на поддршка на Совет добила известување дека мислењето, кое од нејзина страна било доставено до претседателот на Советот на Град Скопје во текот на вчерашниот ден, според него е нерелевантно, со што, како што наведе го прекршува Статутот и Деловникот за работа на Советот на Град Скопје и ги пречекорува сопствените овластувања.

-Претседателот на Советот нема право да толкува мислење на Градоначалник, ниту истото да не го прифаќа, туку само да го достави до советниците. Дали овие чекори се поради непознавање на Деловникот за работа на Советот на Град Скопје кој има 64 страни, кој досега Претседателот требало да го прочита и знае или поради обид за креирање на нова криза во јавниот превоз во Град Скопје, тоа оставам да го процените сами. Затоа Ве информирам дека условите за свикување на редовна или вондредна Седница на Советот на Град Скопје и поставување на иницијативата како точка на дневен за дискусија по истата се исполнети во целост. Во прилог можете да го прочитате ставот на Претседателот на Советот на Град Скопје, кој тој ги замолил службите да ми го пренесат, истакнува Арсовска во соопштението. 

На ова реагираше претседателот на Советот на Град Скопје, кој исто така преку соопштение нагласи дека градоначалничката Арсовска повторно без трошка срам лаже и манипулира со членовите на Советот и со македонската јавност.

Трајко Славески

-Во случајов со лаги сака да се извлече од обврската до Совет на град Скопје да достави предлог-Одлука во врска со барањето на приватните превозници за зголемување на тарифата за изминат километар, во рамките на системот на јавен превоз на територијата на град Скопје. Иако Иницијативата на членот на Советот Горан Арсов беше насловена до Претседател на Совет на град Скопје, примена во доцните поладневни часови на 26.11.2024 година, градоначалникот Арсовска достави „мислење“ пред истата да биде доставена до неа од моја страна, во текот на 56-тата редовна седница на Совет на град Скопје, што се одржа на 27.11.2024 година. Нејзиниот допис ми беше презентиран околу 14:45 часот, половина час пред завршување на седницата. Јас допис со барање мислење и конкретен предлог од градоначалник доставив по завршување на седницата, непосредно пред самиот крај на работното време на 26.11.2024 година, околу 16:35 часот, нагласува Славески.

Тој додава дека се поставува прашањето како Арсовска имала увид во поштата на претседател на Совет на Град Скопје и се осмелила да дава „мислење“ пред тоа воопшто да биде побарано од неа.

-Оттаму, Секторот за поддршка на Совет го известив дека чекам релевантно мислење по прашањата наведени во мојот допис, а претходно доставениот допис од нејзина страна го сметам за сосема нерелевантен. Во дописот со кој барам став од градоначалникот Арсовска, барам доколку поддржува зголемување на цената во јавниот превоз до Совет на град Скопје да достави конкретна предлог-Одлука со сите образложенија и параметри околу оправданоста и висината на зголемувањето на тарифата. Понатаму, барам објаснување како ова би се одразило на финансиската положба на ЈСП Скопје и од каде ќе се надоместат намалените приходи - дали со зголемување на цените на услугите што ЈСП - Скопје ги пружа кон граѓаните, или пак со дополнителни субвенции од Буџет на град Скопје. Веднаш штом од Арсовска се обезбеди мислење со предлог-Одлука иницијативата ќе биде ставена на дневен ред на Совет на град Скопје, нагласува Славески. 

Претседателот на Советот Славески за денеска во 14:00 часот пред просториите на Град Скопје закажа изјава за медиуми. ац/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан