• сабота, 23 ноември 2024

Арсовска и Беџети на увид на завршните градежни работи на реконструкција на водоводна мрежа во Бојане

Арсовска и Беџети на увид на завршните градежни работи на реконструкција на водоводна мрежа во Бојане

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети денеска извршија увид на завршните градежни работи на реконструкција на водоводна мрежа во населено место Бојане во општина Сарај.

-Градежните активности на терен опфатија реконструкција на постојната водоводна мрежа, на која жителите реагираа дека има чести дефекти заради дотраеноста, како и заради незадоволителен профил и материјал на постојниот цевковод, информираат од Град Скопје.

Со реализацијата на овој инфраструктурен проект, како што се посочува во соопштението, се реши долгогодишен проблем во овој дел од градот, каде градот инвестира во обезбедување на квалитетни услови за живот во секоја општина, а жителите на ова населено место добиваат поквалитетно водоснабдување и нови приклучоци.

-Градот Скопје континуирано работи на подобрување на водоснабдувањето согласно ветените проекти од програмата „За модерно Скопје“, каде што решавањето на проблемите со водоводната мрежа е еден од приоритетите, се додава во соопштението од Град Скопје. дма/са/

Фото: Град Скопје

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан