• недела, 14 јули 2024

Армијата и два хеликоптера ангажирани во гаснењето на пожарот во неготинско

Армијата и два хеликоптера ангажирани во гаснењето на пожарот во неготинско

Скопје, 14 јули 2024 (МИА) - Стотина припадници на Армијата и два хеликоптера МИ 8/17 од воздухопловниот ВИНГ од раните утрински часови во координација со сите
инволвирани субјекти отпочнале со координиран и насочен ангажман во гаснењето на
пожарот во поширокиот реон на неготинско и планината Серта.

- По наредбата од страна на претседателката и врховен командант на
Вооружените Сили, Гордана Сиљановска Давкова за ангажирање на Армијата за
справување со пожарите во реонот на неготинско, началникот на Генералштабот,
генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски нареди ангажирање на потребни капацитети
на Армијата, информираа утринава од Генералштабот на Армијата.

Армијата, како што се наведува во соопштението, согласно својата мисија и задачи останува максимално подготвена во извршувањето на својата Уставна обврска и задачи од мисијата која вклучува и нејзино ангажирање во помош на граѓаните и институциите при справување со елементарни непогоди секогаш кога било потребно.

Владата доцна синоќа по барање на Кризниот штаб од Неготино прогласи кризна состојба. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан