• сабота, 21 декември 2024

ЦУК: Зад Детската клиника Козле добиена пријава за пожар, гори ниска трева и грмушки

ЦУК: Зад Детската клиника Козле добиена пријава за пожар, гори ниска трева и грмушки

Скопје, 14 јули 2024 (МИА) - Од ЦУК вечерва информираат дека е добиена пријава за пожар зад Детската клиника Козле, при што гори ниска трева и грмушки.

-Од 112 во Центар за управување со кризи до Сектор за операции и координација е добиена пријава за пожар зад Детската клиника за белодробни заболување - Козле во Скопје. Гори ниска шума, трева и грмушки. Известени се и БППЗ Скопје и ОЦ СВР Скопје. пожарот е кај улица „Загребска“, 43, Скопје, информираат од ЦУК.

Исто така од Центарот информираат дека е добиена пријава за пожар на отворено на патот Берово кон Виница.

Инаку овој пожар од вчера беше изгасен но има внатрешно горење. ЈП Национални шуми подружница Пљачковица е терен и го набљудува истиот. нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан