• четврток, 19 декември 2024

Аргентина осудена на 30 години по бомбардирањето на еврејската заедница

Аргентина осудена на 30 години по бомбардирањето на еврејската заедница

Буенос Аирес, 14 јуни 2024 (МИА) - Три децении откако стотици луѓе беа убиени и повредени во бомбашки напад врз центар на еврејската заедница во Буенос Аирес, меѓународниот суд денеска ја осуди аргентинската држава за нејзините постапки пред и по нападот.

Пресудено е дека властите не презеле мерки за да го спречат нападот или да започнат целосна истрага за откривање и судење на сторителите.

Судот со седиште во Сан Хозе, Костарика и нареди на Аргентина конечно да ги изведе виновниците пред лицето на правдата.

Судскиот спор пред пресудата се одолговлекуваше 25 години, а пред две години аргентинската влада ја призна својата одговорност. На 18 јули 1994 година, вкупно 85 луѓе загинаа во експлозија во центарот на заедницата Амиа во главниот град на Аргентина, а уште 300 беа повредени.

Шиитската милиција Хезболах го изврши нападот по налог на иранската влада, како што неодамна утврди аргентинскиот суд. За време на мандатот на поранешната претседателка Кристина Киршнер од 2007 до 2015 година, аргентинската влада се согласи со Техеран да ја довери истрагата на меѓународна комисија за вистината.

Специјалниот обвинител што го истражува нападот, Алберто Нисман, беше пронајден убиен во неговиот стан во 2015 година, откако го обвини Кирхнер за попречување на правдата и прикривање. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан