• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Арагчи и Виткоф ќе ги  предводат делегациите на преговорите во Оман

Арагчи и Виткоф ќе ги  предводат делегациите на преговорите во Оман

Техеран, 8 април 2025 (МИА)  - Преговорите меѓу САД и Иран, кои ќе се одржат в сабота, на 12 април во Оман, ќе ги предводат шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, и претставникот на американскиот претседател, Стив Виткоф, објавија иранските државни медиуми.

Британските медиуми наведуваат дека Арагчи претходно потврди дека индиректните разговори меѓу Техеран и Вашингтон ќе се одржат в сабота во Оман.

„Иран и САД ќе се сретнат в сабота во Оман на индиректни разговори на високо ниво“, напиша Абас на социјалната мрежа X.

Тој додаде дека „ова е и можност и тест“ и дека „топката е на теренот на Америка“.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД и Иран водат директни преговори за иранското нуклеарно прашање.сд/

фото: Википедија

Остани поврзан