• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Анчелоти сонувал да биде менаџер на Ливерпул

Анчелоти сонувал да биде менаџер на Ливерпул

Мадрид, 15 април 2025 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека пред десет години навистина сакал да раководи со Ливерпул.

Во 2015 година, италијанскиот тренер беше блиску до преземање на функцијата менаџер на Ливерпул по отпуштањето на Брендан Роџерс, но „црвените“ на крајот го назначија Јирген Клоп.

Во 2019 година Анчелоти ја прифати понудата од другиот клуб од Мерсисајд - Евертон.

-Сонував да управувам со Ливерпул, но потоа завршив во Евертон и го доживеав ривалството меѓу двата тима, а потоа станав апсолутен навивач на Евертон. Навистина ми се допадна атмосферата во клубот бидејќи има неверојатна страст за тимот таму, рече Анчелоти, цитиран од „Гол“.

Тренерот, исто така, рече дека во 2018 година одбил да раководи со италијанската репрезентација пред Роберто Манчини да ја преземе функцијата селектор.

Анчелоти работеше во Евертон од 2019 до 2021 година, а потоа му се приклучи на Реал Мадрид, каде моментално е тренер. Под негово водство, „белите“ двапати станаа шампиони на Шпанија и три пати ја освоија Лигата на шампионите. дс

Фото: Архива

Остани поврзан