• петок, 05 декември 2025

Анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на фестивал во Монтевидео

Анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на фестивал во Монтевидео

Скопје, 7 јули 2025 (МИА) - Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“, по сценарио и режија на Гоце Цветановски, е официјално селектиран на 11. Светски филмски фестивал во Монтевидео, кој се одржува од денеска до 9 јули.

Уругвај е петта држава од Латинска Америка каде што ќе биде прикажан филмот, по Бразил, Аргентина, Еквадор и Венецуела.

-„Јон Вардар против Галаксијата“ е научно-фантастична комедија која веќе ја освои публиката на бројни светски фестивали, комбинирајќи остар хумор и различни стилови на анимација за да ја раскаже неверојатната авантура на еден антихерој низ вселената, истакнува режисерот Цветановски.

Арт директор на филмот е Михајло Димитриевски - Тхе Мичо, продуцент Алан Кастиљо, главните улоги ги толкуваат Жарко Димоски, Емилија Мицевска и Дамјан Цветановски. хс/дма/

Фото: Архива на режисерот Гоце Цветановски

 

Остани поврзан