• четврток, 07 ноември 2024

Андоновски најави нови ЕТУ-центри: Дигитализацијата мора да стигне до последниот човек

Андоновски најави нови ЕТУ-центри:  Дигитализацијата мора да стигне до последниот човек

Скопје, 21 октовмри 2024 (МИА) - Само преку целосна дигитална трансформација можеме да создадеме јавен сектор кој навистина ќе служи на потребите на граѓаните во 21-от век. Затоа, работата на нашето Министерство не е ограничена само на имплементација на технички решенија. Ние работиме на сеопфатна трансформација која вклучува промена на процесите, регулаторно кратење на бирократските обврски, обуки за дигитални вештини, и што е најважно - промена на културата во јавниот сектор.

Ова го истакна Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација на денешната Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Унапредување на дипломатијата и надворешната трговија, интеграцијата во ЕУ и дигитална трансформација“.

-Граѓаните избраа патриотизам на 21виот век. Граѓаните добија сериозна влада која гарантира економски напредок и вистински реформи за европска иднина, за доброто на сите. Нашата тема ќе биде иднината. Како да ја ставиме технологијата во функција на подобра иднина. Тоа е вистински патриотизам. Не само што ја исполнивме, туку и далеку ја надминавме нашата првична цел. Наместо 20, испорачавме повеќе од 80 нови дигитални услуги за граѓаните и компаниите. Ова четирикратно зголемување е резултат на нашата посветеност и соработка со други институции. Дополнително, бележиме 56% раст во користењето на постоечките услуги од страна на граѓаните, рече Андоновски.

Тој нагласи дека сите овие реформи и проекти се во насока на вистинско и реално придвижување на земјата кон полноправно членство во ЕУ.

-Сите овие проекти ќе бидат во согласност со Иницијативата за дигитална трансформација на ЕК насловена „ЕУ дигитална декада – дигитални цели за 2030", Планот за развој на ЕК за Западен Балкан, затоа што дигиталната трансформација на Западен Балкан и зајакнување на неговиот потенцијал како двигател на економскиот раст и просперитет во регионот преку подобрување на пристапот до дигитални добра и услуги е еден од главните приоритети на реформската агенда. Погледнете ги успешните примери на Естонија, Полска, Словенија, Литванија, Летонија, па дури и Молдавија. Нивниот импресивен развој денес е директен резултат на правилна и брза дигитална трансформација, вели тој.

Стратегијата ќе исцрта кои институции ќе се дигитализираат приоритетно и кои се новите услуги кои ќе им бидат понудени на граѓаните во следните четиери години со исцртани рокови, активности и средства.

Одговарајќи на новинарско прашање тој најави измени во законската регулатива во однос на електронските документи што се издаваат, а кој ќе има за цел да се надмине постојната ситуација на нивно непризнавање во одредени институции, особено, како што вели, кај судовите.

-Во моментот имаме едне апсурд во којшто можете да извадите електронски документ, тој да го добиете на ваша адреса или да го симнете од проталот услуги гов.мк. И потоа доколку го испечатите и го однесете во некоја архива, најчесто се случува во судовите, ќе ви кажат дека им е потребен печат на документот и дека не го признаваат како електронски валиден документот. Заради тоа ќе направиме измени во законите коишто се веќе во подготовка коишто ќе значат дека ако институцијата издала електронски документ по електронски пат и вие сте го примиле по електронски пат, сте го испечатиле, тогаш обврска на примателот - државната институција, да го архивира исто како да е валиден печатот на документот, независно дали сте го однеле испечатен или сте го испратиле во електронска верзија. На овој начин ќе дадеме целосна валидност на електронски изададените документи, вели министерот Андоновски.

Тој нагласи дека ваквата состојба не може да се надмине во еден ден, но, вели, се фокусирани на овие проблеми на граѓаните, при што целта ќе биде да веќе не ги вадат документите граѓаните,туку институциите да ги прибираат по службен пат документите, доказите коишто се потребни од други институции.

-Сетоа ова значи промена на 140 закони, а за сето ова ни е потребно време затоа што ние ангажирано сме посветено,но не можеме да работиме на сите 140 закони одеднаш. Но, Владата е многу фокусирана и го поздравувам фактот што секој од Министерството при промена на своите закони го консултира Министерството за дигитална трансфомација како можеме да го подобриме тој закон во поглед на електорнското вадење на тие документи, вели Андоновски.

Тој наведува дека проблем е и тоа што во постојните 200 услуги се и услуги кои граѓаните ретко ги користат. Затоа фокус на МДТ следната година ќе им биде да дефинираат дестина услуги кои најчесто ги користат граѓаните и компаниите и тие да бидат фокус на дигитализација, а не услугите кои најлесно се дигитализираат.

Во однос на проектот Една точка за услуги (ЕТУ) министерот најави дека ќе продолжат со тој проект така што ќе го зголемат бројот на канцеларии за да бидат поприсутни кај граѓаните и на попристапни места. За пример го искористи Охрид, каде канцеларијата ЕТУ се наоѓа во истиот објект каде се наоѓаат и подрачните единици на Управата за водење матични книги, на катастарот, општината, па граѓаните не го користат овој Центар. Општина Аеродром со над 70 000 жители, пак, нема ваква канцеларија за услуги ниту подрачни канцеларии на државите институции, и најави дека за 10-тина дена жителите ќе го добијат првиот ЕТУ центар.  

-Но овде не вработуваме нови луѓе, туку луѓето претходно ангажирани во други центри за услуги каде сметаме дека се превработени, ги преориентираме да работат во овие нови центри за услуги. Истовремено дел од центрите за услуги за кои гледаме дека нема доволно фреквенција како Тетово и Охрид, ќе работат како кол центар - поддршка на нациналниот портал за електронски услуги. Ако имате некаков проблем на порталот се јавувате и ќе ве комуницираат директно од Охрид или Тетово, а не како досега кога ги користевме вработените од Министерството, појаснува Андоновски.

Тој уверува дека дигитализацијата мора да стигне до последниот човек, а нивна цел е да бидеме најблиску до граѓаните.

Поради различното ниво на дигитализација на општините, Андоновски најави дека заедно со министерот за локална самоуправа и УНДП работат на нов проект за поврзување на постоечките дигитализирани општини на нациналниот портал за услуги, што ќе овозможи постоечките услуги на општините да бидат достапни на националниот портал. Овој модел потоа ќе се реплицира на општините кои не се дигитализирале, а целта е за година и пол да се заокружи процесот на нивна дигитализација. вг/ац/

Фото: Принтскрин  

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан