Андовски: Немаме информација до каде е случајот „Онкологија“, но буџетот на Клиниката е зголемен за 50 отсто и лекови ќе има за сите пациенти
- Немаме информација до каде е случајот „Онкологија“, но буџетот на Клиниката е зголемен за 50 отсто и лекови ќе има за сите болни. Направена е и стратегија за децентрализација на услугите, па на пациентите ќе им бидат на располагање болниците во Тетово, Штип, Битола и скопската „8 Септември“, рече попладнево заменик министерот за здравство, Јовица Андовски.

Скопје, 27 февруари 2025 (МИА) - Немаме информација до каде е случајот „Онкологија“, но буџетот на Клиниката е зголемен за 50 отсто и лекови ќе има за сите болни. Направена е и стратегија за децентрализација на услугите, па на пациентите ќе им бидат на располагање болниците во Тетово, Штип, Битола и скопската „8 Септември“, рече попладнево заменик министерот за здравство, Јовица Андовски.
Одговорајќи на пратенички прашања, тој напомена дека новата Влада ја затекна Клиниката за онкологија со 12 милиони евра долг, катастрофална инфраструктура и недостиг на лекови повеќе месеци наназад.
-Министерството за здравство до вчера нема добиено официјална информација до каде е процесот за случајот „Онкологија“ кој се уште е во тек. Освен недостиг на лекови по повеќе месеци, на Клиниката затекнавме и давање биолошка терапија без стручен колегиум. Сега, откако е сменет директорот, најдоговорно тврдам дека за каков било лек ќе има постојано заседавање на стручниот колегиум и во идниот период нема да дојде до никаков недостиг на лекови или набавка на лекови откако ќе бидат завршени тендерите и без постапки за јавни набавки. Директорот работи на целосно утврдување на сите пациенти. Поради преголемиот наплив на болни, направена е стратегија за децентрализација на услугите, пациентите ќе можат да одат во болниците во Тетово, Штип, Битола и „8 Септември“ за побрзо да дојдат до услуга и да не патуваат, истакна Андовски.
Прашањето на собраниска седница го постави Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ која по одговорот на заменик министерот изрази уверување дека одговорност за „Онкологија“ ќе има. мч/са/
фото: принтскрин