• сабота, 02 ноември 2024

Аморим можен наследник на Тен Хаг на клупата на Манчестер јунајтед

Аморим можен наследник на Тен Хаг на клупата на Манчестер јунајтед

Лондон, 29 октомври 2024 (МИА) – Тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим е можен наследник на Ерик тен Хаг во Манчестер јунајтед. 

Според британските медиуми, англискиот клуб веќе преговара за назначување на португалски стручњак.

На Аморим му е понуден договор со плата од 8 милиони евра годишно според шемата 2+1 година.

Претходно беше објавено и дека Манчестер јунајтед е подготвен на Спортинг да плати 10 милиони евра отштета за предвремен прекин на соработката со тренерот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан