• петок, 22 ноември 2024

Американски носач на авиони учествува во воени вежби со Јужна Кореја и Јапонија

Американски носач на авиони учествува во воени вежби со Јужна Кореја и Јапонија

Сеул, 13 ноември 2024 (МИА) - Војската на Јужна Кореја соопшти дека од денеска ќе одржи тридневна заедничка вежба со САД и Јапонија, во која ќе учествуваат борбени авиони и поморски патролни авиони, како и американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“.

Вежбата „Freedom Edge“ е одговор на, како што рече јужнокорејската војска, заканите од Северна Кореја, која неодамна тестираше интерконтинентална балистичка ракета што наиде на осуда од Сеул, Токио и Вашингтон.

Вежбите доаѓаат и откако американскиот Стејт департмент соопшти дека севернокорејските војници почнале да учествуваат во борбените операции во Русија во војната со Украина. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан