Американски медиуми: Убиен е напаѓачот кој пукаше и го рани Трамп
- „Окружниот обвинител на округот Батлер, Ричард Голдингер изјави дека две лица се мртви, вклучително и најверојатно напаѓачот“, објави Вашингтон пост.
![Американски медиуми: Убиен е напаѓачот кој пукаше и го рани Трамп](https://new.mia.mk/images/20240714020034_big_730x400_73.webp )
Батлер, 14 јуни 2024 (МИА) – Осомничениот напаѓач кој го рани републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на митинг загина, објавија американските медиуми. Според медиуми во САД, загина и лице кое било на митингот.
„Окружниот обвинител на округот Батлер, Ричард Голдингер изјави дека две лица се мртви, вклучително и најверојатно напаѓачот“, објави Вашингтон пост.
Еј-Би-Си Њуз го цитираше Голдингер дека можеби е погоден и втор овек кој бил на митингот.
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп е „во добра здравствена состојба“ и е на проверки во медицинска установа, соопшти неговата кампања откако по истрели беше евакуиран од бина на митинг во Пенсилванија.зш/