• понеделник, 23 декември 2024

Американските власти забранија електронски цигари од три производители

Американските власти забранија електронски цигари од три производители
Лос Анџелес, 27 август 2021 (МИА) - Електронските цигари од три производители не добија одобрување од здравствените власти за продажба во САД, објави вчера американската Агенција за борба против дрога. Ова прва ваква одлука што, според познавачи, значително ќе влијае на индустријата. „Знаеме дека никотинските производи со вкус се многу привлечни за младите луѓе, така што проценката на потенцијалните и реални последици од нивна употреба кај младите луѓе е важен фактор во одлучувањето кој производ може да се пласира на пазарот“, се вели во соопштението. Забранети се производите на „ЏД Нова груп ЛЛЦ“, „Грејт Америцан вејпс“ и „Вапор салон“. Тука се засегнати и е-цигарите со вкус на „кола“, „јаболко“ и „цимет од житарки“. Овие производи не успеаја да докажат дека придобивките што ги носи за возрасните (особено при престанувањето со пушење класични цигари) ги надминуваат опасностите што ги носи за помладите луѓе. За вторите, всушност, е-цигарите можат да бидат почеток на зависност. Ако се веќе во продажба, овие производи мора да бидат повлечени од пазарот, предупредува американската администрација за лекови (ФДА) во соопштението. Оваа агенција е задолжена за проценка на нивната корисност за јавното здравје.  си/сд/

Остани поврзан