Салатата од печен компир, ќе го воодушеви секој, а виолетовиот кромид ќе ја разубави..
Состојки:
- 600 грама компири со средна големина
- 4 лажици масло
- 18 грама сув зачин за компири
- 3 лажици вински оцет
- 1 лажица сенф и црн бибер
- 1 виолетов кромид
- 1 лажица сецкан власец
Подготовка:
Добро измијте ги компирите, исушете ги и исечете ги на парчиња со дебелина од околу 2 мм.Печете ги компирите во тава со загреано масло додека не поруменат. Извадете ги компирите, додадете го оцетот, сенфот и биберот во дресингот од компири, измешајте и прелијте ги компирите. Додадете го кромидот исечен на парчиња, и нежно измешајте сè заедно.Посипете ја салатата со власец и оставете ја да отстои околу 15 минути. Сервирајте ја топла како јадење или со пржена риба или месо.
Совет:
Испечете ги компирите двапати за да се зготват подобро и полесно.
Фото: Фрипик