• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Американските берзи го отворија денот со раст

Американските берзи го отворија денот со раст

Вашингтон, 8 април 2025 (МИА) - Како и пазарите во Азија и Европа, американските берзи го започнаа денот со позитивен раст, но сепак се далеку од вредностите што ги имаа пред објавувањето на царините од страна на актуелниот американски претседател Доналд Трамп.

Индексот СиП 500, кој собира стабилни и профитабилни компании, порасна за 3,3 отсто.

Технолошкиот индекс Насдак, во кој доминираат компаниите од високотехнолошкиот сектор, забележа раст од 3,6 отсто.

Индустрискиот индекс Доу Џоунс, кој вклучува 30 водечки американски компании, исто така порасна за 3,3 отсто. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан