• петок, 22 ноември 2024

Американската помош за Украина, Израел и Тајван „ќе ги продлабочи кризите“, смета Захарова

Американската помош за Украина, Израел и Тајван „ќе ги продлабочи кризите“, смета Захарова

Москва, 21 април 2024 (МИА) - Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова синоќа изјави дека одобрувањето од Претставничкиот дом на САД на предлог-законот за воена помош за Украина, Израел и Тајван „ќе ги продлабочи кризите ширум светот“.

„Воената поддршка за режимот во Киев е директна финансиска помош за терористичките активности. Помошта за Тајван е мешање во внатрешните работи на Кина. Помошта за Израел е директен начин за невидено зголемување на тензиите во регионот“, објави Захарова на Телеграм. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан