• петок, 22 ноември 2024

Алонсо: Сè уште треба да се навикнам на автомобилот на Астон Мартин

Алонсо: Сè уште треба да се навикнам на автомобилот на Астон Мартин

Лондон, 8 март 2023 (МИА) - Пилотот на „Астон Мартин“ Фернандо Алонсо изјави дека му треба време за да се навикне на карактеристиките на новиот болид.

 

- Сè уште треба да се навикнам на управувачот и другите карактеристики на овој болид. Во своето однесување, оваа кола е нешто поразлична од Алпин, неколку пати, искрен да бидам, ми приреди изненадувања. Болидите на различни тимови секогаш се многу различни едни од други во однос на геометријата на предната суспензија. Само треба да поминувам повеќе време на патеката и повеќе време со овој болид, ги цитира зборовите на Алонсо „Аутоспорт“.

 

Шпанецот рече дека тимот се уште не ги прилагодил сите поставки сто проценти.

 

- Продолжуваме да работиме. Како што кажав, колата е сосема нова. И треба да научиме повеќе за неа, треба да се навикнам на неа. Така, ваквите моменти се повеќе поврзани со процесот на навикнување на автомобилот - со контролата, повратните информации, карактеристиките на серво воланот. Се додека не ги прилагодиме сите поставки на сто проценти, додаде Алонсо.

 

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на првата трка сезонава. Второто место му припадна на неговиот тимски колега Серхио Перез. Третиот резултат го покажа Алонсо. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан