• понеделник, 23 декември 2024

Алма Шемо лауреат на наградата за беседа на тема „Како против пизмата“ во чест на Григор Прличев

Алма Шемо лауреат на наградата за беседа на тема „Како против пизмата“ во чест на Григор Прличев

Охрид, 6 февруари 2024 (МИА) – Алма Шемо од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, инаку по потекло од Охрид, е авторката на беседата „Адет госпоари“ што победи на годинешниот конкурс што во чест Григор Прличев по вторпат го распиша охридската библиотека што го носи името на охридскиот поет и преродбеник.

На лауреатката наградата и беше врачена на денешната свеченост во рамки на „Прличевата визита“ што во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“ се одржа во Охрид.

Претседателката на комисијата што ги оценуваше доставените трудови на конкурсот, Татјана Дурлева, говорејќи за наградената беседа истакна дека за станува збор за авторски текст изработен во вид на поема, во која авторката се осврнува на борбата на Прличев против сите неправди и неприлики меѓу народите.

„Посочувајќи на неволјите низ кои поминувал авторот низ својот живот го истакнува неговиот широкоглед. Кон различните народи со кои се сретнувал, нивните мислења за него и неговото посочување на националната припадност – Македонец, истакна Дурлева.

Наградената авторка Шемо од своја страна посочи дека за неа претставува особена чест и задоволство да ја понесе наградата што го носи името на великанот Прличев.

„Самото дело на Прличев ме инспирираше и мотивираше. Како што и сама наведувам во беседата „Јас не сум достојна да освојам ловоров венец, однсно можам да напишам само збор два, да посветам една прекрасна беседа за нашиот даскал, учител и преродбеник Григор Прличев“. Чуствата за добивањето на наградата се измешани. Неописливи се гордоста и среќата и сето тоа што го внесов во оваа беседа, изјави дваесетгодишната Шемо. аб/нд/

фото/МИА

 

 

Остани поврзан